Враќање во рок од 15 денови
Трошок за достава 180 денари
Испорака до 5 работни денови
Брендот со три линии е основан во 1924 година од Ади Даслер. Името Адидас е составено од неговото име и презиме. Првично, почнале со производство на фудбалски патики, но тие брзо ја прошириле својата понуда со производи за трчање, а подоцна и за сите останати спортови. Сите нивни производи се издвојуваат со одличен квалитет, најразлични технологии, модерен дизајн и изглед. Нивните производи ги користат многу спортски sвезди од разни спортови. Првото име од долгата листа на звучни имиња во моментов ја претставува генијалната фудбалска ѕвезда, играчот Лионел Меси.

Откријте го чувството на леснотија и удобност со Аdidas Galaxy 7 , идеални за вашите први чекори во светот на трчањето. Создадени да понудат поддршка , амортизација и сигурност при секој чекор , овие патики се совршен избор за секојдневна активност или почетнички тренинзи. Со стандарден крој кој не е премногу тесен ниту премногу лабав , и со брзо и припиено врзување , Galaxy 7 се грижат за вашата стабилност и удобност уште од првиот километар. Изработени се делумно од рециклирани материјали , што ги прави одржлив избор за еколошки свесните корисници. Горниот дел од текстил и синтетика нуди дишење и издржливост , додека поставата од текстил ја зголемува внатрешната удобност при носење. Она што навистина ги издвојува овие патики е средниот ѓон Cloudfoam , кој обезбедува ултра мека амортизација и чувство на леснотија при секое газење , додека надворешниот ѓон од TPU овозможува стабилност и сигурно влечење на различни површини. Со Galaxy 7 , секое трчање станува се позабавно од претходното. Без разлика дали сте на првите тренинзи или веќе градите издржливост за подолги патеки , овие патики се тука да ве поддржат со својата лесна конструкција , стабилност и пријатен контакт со земјата. Трчајте удобно , трчајте сигурно – со Аdidas Galaxy 7.
Информирајте сè за сите новости.